1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

Граѓаните имаат право да учествуваат во процесот на донесување одлуки на Владата и да заземат активна улога како дел од граѓанското општество. Ова наложува потреба од поопсежен и поширок концепт за граѓански ангажман во процесот на подготовка и спроведување на политиките. Во Република Македонија постојат неколку документи кои се основа за вклучување на јавноста во процесот на донесување закони почнувајќи од Уставот на Република Македонија, преку неколку закони, подзаконски акти и методологии. Сепак, поголемиот дел од политиките и законите се креирани без суштинска вклученост на јавноста. Исто така, постоечката пракса за вклучување на јавноста не обезбедува ефикасно учество во процесот на донесување одлуки.

Општата цел на проектот е придонес кон зголемено влијание на граѓанските организации во креирањето и следењето на политиките.

Цел на проектот е зголемена соработка на граѓанските организации со државната управа во процесите на креирање политики и подготовка на закони.

Очекуван резултат од проектот е имплементиран систем за следење на вклученоста на граѓанското општество во процесите на подготовка на закони.

Резултатот ќе се постигне преку следните активности:

  1. Методологија за проценка на отвореноста на владините институции.
  2. Следење на учеството на јавноста во креирање политики.
  3. Анализа на проценка на учество на јавноста во креирањето на политики и постапка за подготовка на закони.
  4. Веб страница „Огледало на Владата“

Регистрирај се за добивање информации

Заклучоци и препораки од годишен извештај

Заклучок 1. Министерствата не објавуваат голем дел од предлог-законите на ЕНЕР.

Прочитај повеќе

Заклучок 2. Недоволно почитување на минималниот рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР.

Прочитај повеќе

Заклучок 3. Консултации во периодот на спроведување на ПВР речиси и да нема.

Прочитај повеќе

Заклучок 4. Министерствата ги поставуваат текстовите на нацрт-закони во најголем број од случаите

Прочитај повеќе

Заклучок 5. Известување за почеток на подготовка на закон често се поставува само формално.

Прочитај повеќе

Заклучок 6. Недоволно користење на ЕНЕР како алатка за учество во процесите на подготовка на закони од страна на јавноста.

Прочитај повеќе

Заклучок 7. Министерствата ретко даваат повратни одговори.

Прочитај повеќе

Препорака 1. Потребно е министерствата да се придржуваат до правилата и да ги објавуваат сите предлог-закони.

Прочитај повеќе

Препорака 2. Дневните редови и записниците од седниците на Владата треба да бидат јавно достапни.

Прочитај повеќе

Препорака 3. Министерствата треба поажурно да го користат ЕНЕР.

Прочитај повеќе

Препорака 4. Министерствата треба да го почитуваат минималниот рок за консултации од 10 дена.

Прочитај повеќе

Препорака 5. Треба да се продолжи и да се надгради позитивната практика на редовно објавување на потребните документи.

Прочитај повеќе

Препорака 6. Потребно е активно да се работи на промовирање на ЕНЕР и зголемување на довербата на граѓаните во оваа алатка.

Прочитај повеќе

Препорака 7. Министерствата треба секогаш да даваат повратен одговор на коментарите поставени на ЕНЕР.

Прочитај повеќе

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Joomla Extensions powered by Joobi

This web site is made possible by the generous support of the American people through the United States Agency for International Development (USAID). The contents are the sole responsibility of the Macedonian Center for International Cooperation and do not necessarily reflect the views of USAID or the United States Government.

Horizontal RGB 600mcms-logo-text