1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

Предложената методологија се заснова на позитивните искуства во следењето на органите на државната власт во Словенија по методологија на ЦНВОС и на постојното искуство на МЦМС во подготовка на следење и оценка на процесот на донесување на закони на државните органи со вклучување на граѓанските организации.

Следење на отвореноста на процесите на подготовка на актите, по методологијата на ЦНВОС за прв пат беше спроведено во Македонија во периодот 1 март – 31 октомври 2012. Истата методологија ќе се спроведе и во периодот од 1 септември 2013 – 31 март 2016 г.

Анализата на отвореност на јавните институции кон граѓанското општество во јавните политики и законодавство е модел кој успешно се користи во Словенија од 2006 година. Овој метод покрива три области: комуникациска средина на владиното тело кое предлага закони (општо механизми за вклучување на граѓанското општество); подржувачка средина за вклучување на граѓанското општество и процедура за подготовка на закони. Главен инструмент за процена на вклученоста на граѓанското општество во креирањето политики и во подготовка на закони ќе бидат прашалници испратени до секое министерство и други органи на државната управа. Предвидени се два прашалници. Првиот прашалник за општата комуникација и поддршка на министерствата за вклучување на граѓанското општество во своето работење ќе биде испратен до сите министерства на почетокот на проектот. Вториот прашалник за отвореноста на процесот на подготовка на одреден акт ќе се испрати до министерствата – предлагачи на соодветен закон. Најмалку 30 закони ќе бидат избрани за кои ќе се изврши мониторинг на примената на правилата за транспарентно учество на јавноста. Дел од законите ќе бидат избрани од Годишната програма на работа на Владата.

Покрај прашалниците за потребите на собирање податоци за анализа, ќе се користат наодите од меѓународни истражувања и прописи и стандарди препорачани од страна на релевантните институции и организации. Објавувањето на анализата за учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики ќе ги зајакне капацитетите и знаењата на граѓаните, граѓанските организации и државните органи и ќе може да се користи во иднина како основен модел за утврдување на минимални правила и стандарди за учество во донесувањето на одлуки.

Во рамките на проектот ќе следи и Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) со што ќе се оценува вклучување на јавноста во раната фаза на подготовка на закони. Резултатите од следењето на ЕНЕР ќе бидат објавувани во неделни и месечни прегледи и квартални извештаи. Целта на овие изданија е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите.

Информативните активности, како што се дебати и прес-конференции ќе помогнат во промоција на анализите, а кон тоа ќе придонесе и оваа веб страница која покрај информативниот, има и посебен дел за следење на процесот на креирање политики од страна на владините тела.

Регистрирај се за добивање информации

Заклучоци и препораки од годишен извештај

Заклучок 1. Министерствата не објавуваат голем дел од предлог-законите на ЕНЕР.

Прочитај повеќе

Заклучок 2. Недоволно почитување на минималниот рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР.

Прочитај повеќе

Заклучок 3. Консултации во периодот на спроведување на ПВР речиси и да нема.

Прочитај повеќе

Заклучок 4. Министерствата ги поставуваат текстовите на нацрт-закони во најголем број од случаите

Прочитај повеќе

Заклучок 5. Известување за почеток на подготовка на закон често се поставува само формално.

Прочитај повеќе

Заклучок 6. Недоволно користење на ЕНЕР како алатка за учество во процесите на подготовка на закони од страна на јавноста.

Прочитај повеќе

Заклучок 7. Министерствата ретко даваат повратни одговори.

Прочитај повеќе

Препорака 1. Потребно е министерствата да се придржуваат до правилата и да ги објавуваат сите предлог-закони.

Прочитај повеќе

Препорака 2. Дневните редови и записниците од седниците на Владата треба да бидат јавно достапни.

Прочитај повеќе

Препорака 3. Министерствата треба поажурно да го користат ЕНЕР.

Прочитај повеќе

Препорака 4. Министерствата треба да го почитуваат минималниот рок за консултации од 10 дена.

Прочитај повеќе

Препорака 5. Треба да се продолжи и да се надгради позитивната практика на редовно објавување на потребните документи.

Прочитај повеќе

Препорака 6. Потребно е активно да се работи на промовирање на ЕНЕР и зголемување на довербата на граѓаните во оваа алатка.

Прочитај повеќе

Препорака 7. Министерствата треба секогаш да даваат повратен одговор на коментарите поставени на ЕНЕР.

Прочитај повеќе

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Joomla Extensions powered by Joobi

This web site is made possible by the generous support of the American people through the United States Agency for International Development (USAID). The contents are the sole responsibility of the Macedonian Center for International Cooperation and do not necessarily reflect the views of USAID or the United States Government.

Horizontal RGB 600mcms-logo-text