1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

Отстапување од правилата 2015

Во табелата се претставени резултатите од следењето на почитување на минималниот рок од 10 дена за консултации со јавноста за предлог-закони објавени на ЕНЕР. Резултатите се претставени по министерства, каде со сина боја е прикажан бројот на предлог-закони објавени на ЕНЕР од 1 јануари 2015 г., а со црвена боја е претставен бројот на предлог-закони каде што се забележани отстапки. Со клик на името на министерството се добива преглед на сите објавени предлог-закони, како и информации за периодот на траење на консултациите.

* Како датум на отворање на консултации се смета датумот кога е објавен текстот на нацрт законот на ЕНЕР
** Отстапки од минимално пропишан период на консултации
*** Датум на објавување на информација за отпочнување на процесот на подгтовка на предлог-закон на ЕНЕР, бидејќи не е објавен текст на нацрт - закон

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Оваа активност се спроведува во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од МЦМС, Скопје во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на активноста е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите. Оваа активност е продолжување на проектот Огледало на Владата, отпочнат во 2012 г., со поддршка на ЕУ(ЕИДХР) и УСАИД.

mcms-logo-textgrc