1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

mcms-logoМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за прв пат го спроведе проектот „Огледало на Владата“ во Македонија во 2012 г. Проектот беше поддржан од Инструментот за човековите права и демократијата (ЕИДХР), финансиран од Европската Унија и спроведен во партнерство со Словенскиот центар на невладини организации (ЦНВОС) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

Словенскиот центар на невладини организации (ЦНВОС) ја поседува методологијата за процена на отвореноста на владините институции кон граѓанското општество и нивна вклученост во креирање политики и донесување закони која се спроведува во Словенија од 2002 г. ЦНВОС преку споделување на искуства од Словенија, овозможи и примена на овој сеопфатен модел во Македонија.

Од јули 2013 г. проектот „Огледало на Владата“ се спроведува во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција спроведувана од МЦМС, во партнерство со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС), Транспарентност Македонија и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ).

Од ноември 2017 г. МЦМС повторно започна со спроведување на проектот „Огледало на Владата“ со сопствени финансиски средства.

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Оваа активност се спроведува во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од МЦМС, Скопје во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на активноста е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите. Оваа активност е продолжување на проектот Огледало на Владата, отпочнат во 2012 г., со поддршка на ЕУ(ЕИДХР) и УСАИД.

mcms-logo-textgrc