1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

Сите информации за активно вклучување во подготовката на законите сега можат да се најдат на редизајнираната веб страна www.ogledalonavladata.mk. Веб-страницата треба да придонесе кон зголемување на учеството на јавноста во процесите на подготовка на закони. Таа им е наменета на граѓаните и граѓанските организации, од една, и на министерствата и државните службеници одговорни за процесите на подготовка на предлог-закони, од друга страна.

www.ogledalonavladata.mk

Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР) се сместени во делот Информирај се за процесот на подготовка на закони, а јавноста може да се вклучи во коментирање на предлог прописите објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). На страната се поставени и резултатите од следењето на почитувањето на пропишаниот рок за консултации со јавноста за предлог-законите објавени на ЕНЕР. Објавениот број отстапки за секое министерство ќе им овозможи и на министерствата и на државните службеници да видат каде се во вкупната слика на почитување на роковите за консултации со јавноста.

На веб страницата се објавуваат и редовните неделни и месечни прегледи и квартални извештаи од следењето на ЕНЕР.

Проектот „Огледало на Владата” се спроведува во рамките на Програмата на УСАИД за анти-корупција, спроведувана од МЦМС и партнерските организации.

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Навигација

Оваа активност се спроведува во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од МЦМС, Скопје во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на активноста е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите. Оваа активност е продолжување на проектот Огледало на Владата, отпочнат во 2012 г., со поддршка на ЕУ(ЕИДХР) и УСАИД.

mcms-logo-textgrc