1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 14 јануари 2012 г. во Скопје организираше дебатата „Огледало на Владата: резултати од следење на отвореноста на институциите“. На дебатата учествуваа 25 претставници од граѓанските организации, од министерствата и други државни институции, како и од меѓународните организации.

IMG 4937

Цел на настанот беше да се споделат резултатите од следење на отвореноста на државните институции и да се дискутира за предностите од вклучувањето односно последиците од невклучување на јавноста во процесите на подготовка на закони.

Присутните претставници ги поздрави Ирена Иванова, од Делегацијата на Европската Унија која даде осврт на важноста на проектот за развојот на квалитетни политики и поголемо вклучување на граѓанските организации во подготовка на закони.

Емина Нурединоска, од МЦМС, го фацилитираше настанот и го претстави проектот „Огледало на Владата“. Таа истакна дека додадена вредност на проектот е подобрената соработка и зголемената доверба меѓу претставниците на органите на државната управа и граѓанските организации.

За тоа што државата прави за унапредување на условите за вклучување на јавноста во подготовката на законите зборуваше Гордана Гапиќ Димитровска, од Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА). Таа даде преглед на мерките преземени во 2012 година како што се: унапредување на правната рамка за проценка на влијанието на регулативата (ПВР); донесени прирачници за вклучување на засегнатите страни; надградба на Единствен национален регистар на прописи (ЕНЕР); континуирано јакнење на капацитетите државната администрација; воспоставен портал е-демокртија, итн.

Наодите од спроведено истражување за следење на отвореноста на институциите во земјава, по методологија развиена од партнерот во проектот - ЦНВОС од Словенија ги претстави Марија Саздевски, од МЦМС. Беа презентирани резултатите по индивидуалните индикатори за општата комуникациска и подржувачка средина за вклучување на јавноста за 11 министерствата и 6 други државни институции, а потоа и индикаторите за отвореноста на процесите на подготовка на 26 предлог закони. Најмногу внимание привлече презентирањето на редоследот на министерствата според оценките добиени за секоја од областите кои се следеа. Највисока оценка за комуникациска и подржувачка околина за вклучување на јавноста во процесите на подготовка на закони е 4 и ја добија: Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Министерството за култура (МК) и Министерството за образование и наука (МОН). Од другите државни институции највисока оценка 5 доби Агенцијата за млади и спорт.

За отвореноста во процесот на подготовка на предлог закони, најдобро оценети се: Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад на Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Предлог-законот за здравствената заштита на Министерство за здравство (МЗ). Севкупно најдобро рангирано е МЖСПП.

IMG 4955

Симона Огненовска, од МЦМС ги претстави резултатите од следењето на е-алатките за вклучување на јавноста во подготовка на законите (ЕНЕР и сајтовите на министерства). Во периодот на следење (1 март – 31 октомври 2012) на ЕНЕР беа објавени 157 предлог-закони. Следени беа: запазувањето на временските рокови во кои се достапни на јавен увид, комплетноста на документите, ажурирањето на информациите и праксата на доставување коментари од страна на јавоста. Од 157 закони, 59% беа објавени на ЕНЕР директно со влегување во Владината процедура, заради што јавноста не била во можност да влијае на нив. Според резултатите од следењето на временските рокови во кои предлог закони беа достапни на јавен увид отстапувања од законскиот рок од 10 дена беше регистрирано само кај 6 предлог закони. Од друга страна во истиот период за сите анализирани закони беа поставени само 6 коментари од страна на засегнатата јавност.
Посебно корисно за учесниците беше излагањето на Тина Дивјак, од ЦНВОС, која даде своја рефлексија на резултатите од Македонија и истите ги спореди со резултатите од Словенија од 2006, 2009/2010 и од 2012 година. „Во 2006, резултатите од нашето истражување во Словенија беа многу слични на овие што денес ги гледаме“, рече Дивјак. Според неа, ситуацијата значајно се подобрила во текот на 2009/2010 година, за да се забележи пад во вклучувањето на јавноста во носењето на законите во 2012 година. „Прекршувањата особено се изразени во временските рокови во кои се ставаат на јавен увид документите“, истакна Тина Дивјак.

Можност за свое видување и дискусија имаа и учесниците. Еден од заклучоците беше дека за добри резултати од вклучување на јавноста е потребно и граѓанските организации и органите на државната управа да бидат проактивни во овие процеси како и да се влијае на зголемување на меѓусебната доверба. Од дебатата произлегоа и повеќе препораки меѓу кои и потребата од определување на финансиски средства за консултативните процеси во буџетите на институциите за сите предлог закони, како и потребата од учење на позитивните примери односно најдобрите практики и модели за успешно вклучување на јавноста во подготовка на предлог-законите.

Дебатата беше организирана во рамките на проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони“ финансиран од Европската Унија од Европскиот Инструмент за човекови права, а спроведуван од МЦМС во партнерство со ЦНВОС и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Навигација

Оваа активност се спроведува во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од МЦМС, Скопје во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на активноста е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите. Оваа активност е продолжување на проектот Огледало на Владата, отпочнат во 2012 г., со поддршка на ЕУ(ЕИДХР) и УСАИД.

mcms-logo-textgrc